Општината Карпош постави целосно нови реквизити на детското игралиште во  населбата Влае, изработени од квалитетни еко-материјали кои овозможуваат зголемена безбедност и заштита на најмладите додека ги користат.

  Фирма изведувач на проектот е “Тенда Ин Аут” – Скопје.
Во изминатиот период Општината изврши санација на повеќе детски игралишта во Карпош, а претстои целосна обнова и на други детски катчиња на територија на локалната самоуправа.