Општина Карпош обезбеди ново детско игралиште за најмалите жители. Имено, постоечкото детско спортско игралиште во населбата Влае кое доби мултифункционален карактер, сега целосно е обновено и поделено на спортско игралиште и игралиште за деца до десет годишна возраст.

 

По подолго време, веселиот детски џагор повторно се слуша во овој дел од населбата Влае, кадешто се поставени шарени реквизити. Детското игралиште кое е заградено и целосно заштитено,  го изработи „Лапласт“, а истото ќе биде отворено од девет  наутро до девет навечер.