Ракометарите на   ООУ „ Владо Тасевски “ со резултат од 2:0 по изведба на пенали, ги победија своите врсници од ООУ „ Вера Циривири Трена“. Во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше изедначен 13:13. Во   СРЦ „ Борис Трајковски“ со почеток од  12:00 часот се одигра финалето од ракометниот куп во категорија на мешани ( и момчиња и девојчиња) учесници од основците од  Карпош.

 

Претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев  им го врачи победничкиот пехар на шампионите, и им додели дипломи на учесниците. Првиот човек на Советот на Општина Карпош им посака успех  во иднина, и упорност и волја  во спортските активности.  Овој ракометен куп  се одржа  по повод  Деновите на Општина Карпош.