Ракометарите од  ООУ „ Владо Тасевски“,  се годинешни шампиони во ракометната спортска лига.  Во еден неизвесен и  до крај возбудлив натпревар со ракометарите од „ Петар Поп Арсов“, во  С.Ц  „ Борис Трајковски“ , основците од „ Владо Тасевски“ ги победија своите ривали , со резултат 13:12 и  се искачија на ракометниот трон. Третото место го освоија основците од „ Војдан Чернодрински“. Претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев кој присуствуваше на финалниот натпревар  им честиташе на победниците, воедно и на сите учесници во овогодинешната ракометна лига, потенцирајќи дека Општина Карпош има најдобри и најорганизирани  училишни спортски лиги.

 

-Ве охрабрувам, да се занимавате со спорт и понатаму во иднина, бидејќи преку спортот ќе ја изградите вашата личност, односно тој позитивно ќе влијае врз вашиот живот. Некои од вас  понатаму ќе станат и професионални спортисти, но верувајте спортот е благороден и за сите кои го практикуваат и има битно влијание и врз професионалниот развој на еден човек. Горд сум на вас, и убеден сум дека нашата локална самоуправа  ќе дава спортски таленти, не само во ракометот, туку и во фудбалот, кошарката , како и во одбојката.

 

Филип  Сотировски од „ Лазо Трповски“, е прогласен за најдобар голман, додека Бојан Божиновски од „ Аврам Писевски “ е најдобриот стрелец.  Најталентиран играч на ова првенство е Кристијан Ѓоргиев од „ Владо Тасевски“, а најдобар играч  на првенството е Дарин Омерагиќ од „ Вера Циривири –Трена“.