Денеска се одигра големото финале во одбојкарскиот турнир на песок. Во  СРЦ ,,Никола Карев“ одбојкарките на ООУ „Владо Тасевски“, во еден  до крај неизвесен и возбудлив натпревар ги победија основките од ООУ „ Јан Амос Коменски“ со резултат од 2-1 во сетови.

За ,,бронзата“ се натпреваруваа одбојкарките од Петар Поп Арсов, кои со резултат од 2-0 во сетови, ги победија одбојкарките од училиштето Лазо Трповски, и го освоија третото место. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски,  свечено ги доделуваше пехарите на трите победнички  одбојкарски екипи од основните училишта на територијата на Општината. Раководителот на одделението за култура и спорт од Општина Карпош,  Патрик Поповски,  истакна дека ова е трета година по ред, како се одржува овој одбојкарски турнир на песок, и дека истиот поминал во најдобар можен ред.

 

–                    Турнирот траеше речиси седум дена, и еве да изразам задоволство од прикажаното на истиот, и да им честитам на победничките од Владо Тасевски. Од  тоа што можевме да го проследиме на овој турнир, извесно е дека оваа година не очекува интересна и изедначена одбојкарска лига, нагласи  Поповски.