Деветтото по ред Културно лето Карпош, полека завршува. Оваа претпоследна вечер од карпошовото лето, беше резервирана за техно рок забава. Музичкиот бенд „Аутмајнд“, на присутните љубопитни лица, им приреди вистинско петочно викенд уживање.

Прекрасниот и моќен вокал на Калина Велковска, кој беше пропратен со членови на бендот, познатиот Игор Атанасоски-Харе и Жарко Пејковски-Жба, ги разигра љубителите на техно и рок звукот.  Овој петок беше почеток на еден релаксирачки викенд за карпошани. Утрешниот ден ќе го означи  15 дневното културно лето, кое беше исполнето со богата и интересна програма.