На шеесет и првата седница на Советот на Општина Карпош, советниците расправаа по вкупно 23 точки кои беа предложени на дневниот ред. Усвоени беа Предлог – заклучоците за усвојување на извештаите за реализација на Програмата за урбанистичкото планирање за 2016 година, како и за реализација на Програмата за активностите на Општина Карпош од областа за развој на локалната самоуправа.

Исто така, извештаите за активностите на Општината за 2016 од областа на културата, спортот, детската, здравствената и социјалната заштита, како и од образованието, добија „виза” на оваа седница.  Секретарот на Општина Карпош, Бојан Милошевски ги запозна советниците со активностите на локалната самоуправа во расчистувањето на снегот и мразот

– Освен што секојдневно специјализирани возила ги чистат улиците кои се во наша надлежност и истураат сол врз мразот, 40 машки вработени во Општина Карпош, исто така се вклучија во расчистувањето на снегот и мразот на најфрекфентните точки на територијата на локалната самоуправа, како што се градинките, училиштата и поголемите маркети, потенцираше Милошевски.

Инаку состојбата со снегот беше централна тема на расправа на денешната седница на Советот на која заинтересираност покажаа советниците од сите советнички групи, и активна дебата со цел за подобро справување со лошите временски прилики.

На оваа седница се донесоа одлуки, кои се исто така од витално значење за жителите на оваа локална самоуправа.