Вчера во холот на  ООУ ,, Димо Хаџи Димов’’ се одржа завршна  приредба, со која  учениците од ова училиште ја заокружија учебната 2015/ 2016 година.   Со  изведба на песни , танци и интересна кореографија, основците  ги забавуваа родителите и присутните на овој настан.

Преку инструментална изведба на песната ,, Јовано Јованке’’ учениците го прикажаа фолклорното богатство на нашата земја, додека со песничките,  најмалите упатија   порака до возрасните  за конзумирање на здрава исхрана и важноста за зачувување на здравата животна средина.