Шампионките  од  одбојкарскиот клуб „Вардар“ од  Општина Карпош, од државниот  натпревар во одбојка кој се одигра во спортската сала „Независна Македонија“, во училиштето „Невена Георгиева- Дуња“, денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Карпош, Стефан  Богоев и претседателот  на Советот на Општината, Андреј  Манолев.

Во финалниот натпревар, екипата од  Карпош ги победи одбојкарките она „Јанта Волеј“ од Кисела Вода, со вкупен резултат од 3:0 во сетови. Претходно, во полуфиналето, „вардарки“ беа подобри од одбојкарската екипа „Пелистер“ од Битола, победувајќи со 2:0 во сетови.

Градоначалникот Богоев им го честиташе успехот на пионерките и им посака понатамошни успеси и градење на професионална одбојкарска кариера. Претседателот на Советот на Општина Карпош, Андреј Манолев нагласи дека локалната самоуправа секогаш ќе ги поддржува спортистите и спортските настани, особено кај младите, како начин на популаризација на спортот во Општина Карпош, но и како најдобра промоција на локалната самоуправа.