Од денес корисниците на картички за бесплатен паркинг во „Skopje City Mall“ кои ги добија од Општина Карпош, а кои им беа времено вон функција, истите ќе можат повторно да ги користат.

 

Поради евакуацијата на дел од корисниците на бесплaтни паркинг картички (40-тина) кои им ги додели Општина Карпош истите им останаа надвор од функција. Тоа се оние корисници, на бесплатни картички кои во моментот на земјотресот се нашле на паркингот, на кои им е регистриран само влез, но не и излез од паркингот. На тие граѓани при обид за повторен влез картичките им останале надвор од фунција. Системот е ресетиран и во повтoрна фунција.