Рокот за легализација на дивоизградените објекти е продолжен за една година. Ова важи откако стапи во сила Законот за измена на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, Службен весник бр. 190/17 од 25 декември 2017 година.

                        Примената на овој Закон, за сите нови баратели за легализација е до 31 декември 2018 година.

                        Согласни наведените измени во Законот, сите оние граѓани кои веќе имаат поднесено барање за постапување со бесправно изградени објекти (поднеле барање за легализација), а кое барање им е одбиено поради некомплетна документација, можат да поднесат ново барање согласно Законот за измена, во рок од шест месеци од денот на примена на овој Закон, поточно до  30 јуни 2018 година.

                        Барателите кои немаат доставено елаборат за утврдување на фактичката состојба, должни се да го достават, исто така заклучно со 30.06.2018 година.

                        На оние граѓани, баратели за легализација, кои во дополнителните рокови нема да постапат согласно новодадените шанси, надлежниот орган ќе им го одбие барањето за легализација, односно барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградениот објект.

                        И на барателите кои нема да ја достават комплетно потребната документација органот ќе им го одбие барањето за утврдување на правен статус на бесправната градба.