Општина Карпош во текот на вчерашниот ден го отвори Спортско – адреналинскиот парк, во должина на Кејот на Вардар (кај спортко – качувачката карпа).

Работното време на спортскиот дел од паркот (фудбал и одбојка на песок) и детското игралиште е од 10:00 до 23:00 часот. Сите заинтересирани граѓани слободно можат да ги користат игралиштата за фудбал и одбојка до 16:00 часот, а за спортување во попладневните часови треба да закажат термин на adrenalinskipark@karpos.gov.mk  или на телефонскиот број 072 – 911 – 135.

Закажувањето на термини за време на викендите е до петок (15:30 часот).

Користењето на овие делови е без никаков надомест.

 

Работното време на Адреналинскиот парк е од 17:00 до 23:00 часот. Овој дел го одржува субјектот „Adventure side“ и за рекреација во истиот се наплаќа посебен билет.

Имено, сите граѓани на Карпош кои поседуваат картичка „Мој Карпош“ ќе можат да го користат Адреналинскиот парк за 600 денари.

За граѓаните од другите општини, цената на чинење е 600 денари (за деца од 6 до 16 години) и 800 денари (за возрасни).

Наплатата на билет е од причина што за овој дел и опрема во паркот потребна е тековна амортизација, а додека се рекреираат граѓаните, ќе бидат придружувани и од обучени инструктори. Исто така, субјектот „Adventure side“, ќе прави редовна ре-сертификација на Адреналинскиот парк, со цел да биде гарантирана безбедноста на сите корисници.

Во просек, еден корисник го поминува адреналинскиот дел за час и половина, а граѓаните ќе имаат право и два пати да користат ZIP LINE, како и да добијат GO PRO фотографии од овој авантуристички дел.

Сите граѓани можат да стапат во контакт со „Adventure side“ преку adventuresidemk@gmail.com и нивните официјални профили на Инстаграм (@adventureparkskopje) и Фејсбук ( Adventure park Skopje).

Целиот Спортско – адреналински парк е под 24 часовно обезбедување од приватна агенција. Ги повикуваме сите граѓани на одговорно користење на сите содржини во оваа спортско рекреативна зона.