Деновиве,  целосно го реконструиравме детското игралиште на ул. Букурешка, во населбата Тафталиџе 1. Игралиштето е збогатено со разновидни детски реквизити. Поставени се лулашки, „куќарки”, тобоган, и други  забавни содржини, изработени од дрво грижејќи се за безбедноста на децата.

За многу краток период ќе поставиме и осветлување кои најмалите карпошани ќе можат да  го користат ова игралиште особено во летните вечерни часови. Во детското игралиште се поставени и нови клупи, како и корпи за отпадоци.

Тафталиџани, со своите деца, ќе можат да го користат ова игралиште за дружба, рекреација и релаксација. Општина Карпош повеќе од две години во континуитет реконструира и поправа веќе постоечки детски игралишта и апелира истите да бидат сочувани и граѓаните на Карпош да се грижат за нив. Досега се целосно реновирани и пуштени во употреба единаесет вакви детски игралишта, додека во наредните две години локалната самоуправа ќе реновира и реконструира дополнително над дваесет урбани детски катчиња.