На Европскиот куп во Џудо,  одржан во Клуж – Напока, Романија, шеснаесетгодишната Арбреша Реџепи од Карпош, го освои бронзениот медал, во кадетска категорија до 48 килограми.  Освоеното трето место на овој куп претставува најголем успех  во 60 годишната историја на овој спорт во Македонија.

На приемот кај првиот човек на локалната самоуправа, Реџепи и нејзниот тренер ги истакнаа предизвиците со кои се соочува џудото како спорт кај нас, и ги најавија следните меѓународни учества на џудистката во Португалија и Финска. Градоначалникот Јакимовски, вети финансиска поткрепа за репрезентативката, а меѓудругото, и посака уште поголеми успеси на меѓународни турнири.