Актуелниот кадетски државен првак во пинг-понг, Методиј Бужаровски, го освои третото место (парови), на 24-то Државното првенство кое се одржа минатиот викенд во Штип.

Во поединечна категорија за младинци (јуниори), Мето, се пласираше меѓу осумте најдобри јуниори во Македонија, освојувајќи го шестото место. Младиот карпошанец продолжува да чекори по патот на успехот, каде со своите 14 години, досега има освоено 40 медали. Оваа година, Бужаровски ќе настапи за Македонската пинг-понг репрезентација, на повеќе балкански и европски натпревари.