Денеска, на средба кај градоначалникот Стевчо Јакимовски беше младиот кајакар Андреј Арсовски кој го освои третото место на традиционалниот Меѓународен  божиќен кајак спуст кој се одржа овој месец во Загреб, Хрватска. Андреј е деветто одделение во основното училиште “Христијан  Тодоровски- Карпош“ и е член на кајакарскиот клуб „Илинден’90“- Скопје. Тој веќе две години се занимава со овој спорт и има освоено повеќе медали  оваа година, второ место на државен натпревар во кајак спуст и четврто место на државно пионерско првенство во категорија слалом.  Градоначалникот им посака повеќе успеси и во иднина да ја преставуваат локалната самоуправа во најдобро светло.