Денеска се одржа конститутивната седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС.

За претседател на заедницата која ги обединува сите општини во Република Македонија е избран градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Исто така, на оваа седница, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев е избран за член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Овој орган е задолжен да ги спроведува политиките, заклучоците и одлуките на Генералното собрание и ги води активностите на ЗЕЛС меѓу две седници.ЗЕЛС е посветена на афирмација на вредностите на локалната самоуправа, како и развој на принципите на децентрализација и демократија.