Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL), составена од седум млади луѓе кои политички се активни во Соединетите Американски Држави САД), денеска, со посета на Општина Карпош ја започнаа својата работна агенда на повеќе институции во државата.

На средбата се разговараше за три теми и тоа за локалната самоуправа и нејзината поставеност, главни проблеми и предизвици за Општина Карпош и двонасочната комуникација со граѓаните.

Богоев патем говореше и за начинот на избор на градоначалникот и советниците при Советот, нивниот мандат, работата и други позначајни теми од функционирањето на локалната самоуправа.

Присутните  гости од САД имаа можност да слушнат за клучните проекти на кои Општината работи во овој период.

 

–     Пред два дена започнавме нов проект, „Мој Карпош – Моја Картичка“, преку кој карпошани ќе добиваат попусти и бенефиции во повеќе од 250 локални бизниси.

Исто така, еден од покрупните проекти е изведбата на Спортско – адреналинскиот парк, долж Кејот на реката Вардар, чија изведба ќе започне наскоро, рече Богоев, кој пред присутните презентираше и повеќе визуелизации за изгледот на новиот парк.

 

Тема на дискусија, исто така, беше и поттикот за обнова и спас на спортската сала „Партизан“, како еден од  клучните  иницијативи на Општината.

Присутните млади од САД веќе беа запознаени за активната и постојана двонасочна комуникација на социјалните мрежи што Општината и градоначалникот ја имаат со граѓаните.

Тие се интересираа за корисноста од постојаната присутност на социјалните мрежи, дали правилно се користат и дали овој однос придонесува кон спречувањето на лажните вести.

 

–    Јас сум најмладиот градоначалник и природно е да се очекува од мене да бидам присутен во интернет просторот. Оваа проактивност придонесува директно кон решавање на голем број проблеми на граѓаните, но, и кон спречување на ширење на лажни вести, со искрен одговор и брза реакција, посочи Богоев.

 

Во интерактивниот дел од средбата присутните разговараа за начинот на избор на носителите на јавни функции и за моделот на отворени листи.

 Градоначалникот Богоев посочи дека го поддржува овој концепт, затоа што на овој начин ќе се зголеми одговорноста на функционерите. Граѓаните ќе имаат поголема одлучувачка моќ, ставајќи ги компетенциите и афирмираноста на кандидатот во преден план.

 Делегацијата на ACYPL придружувана од претставници од Амбасадата на САД во Скопје овие денови ќе има поголем број на посети на институцииорганизации и градови во нашата држава.