БЛАГОСЛОВ, ЧЕСТИТКИ И УБАВИ ЖЕЛБИ ЗА 50 ГОДИНИ КАРПОШ
- ноември 5, 2026
- 0
По повод одбележувањето на големиот јубилеј – 50 години од формирањето на Општина Карпош, денеска општината ја посети Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Со својата посета, Архиепископот г.г. Стефан упати искрени честитки по повод значајниот јубилеј, благослов и добри мисли за понатамошниот развој на општината. Притоа, испрати и убави желби за мир, благосостојба, соживот и напредок на сите граѓани на Карпош.
Оваа посета претставува посебен чин на внимание и почит кон јубилејот, но и убава порака за важноста на заедништвото, меѓусебното разбирање, почитта и духовните вредности кои ги обединуваат луѓето.
Општина Карпош упатува искрена благодарност до Архиепископот г.г. Стефан за посетата, благословот и упатените честитки, со желба следните децении да донесат уште повеќе успеси, благосостојба и радост за сите карпошани.
50 години Карпош – со почит кон традицијата, верба во иднината и грижа за секој човек!


















