Општина Карпош испрати благодарници до сите општествено одговорни институции и компании кои се приклучија кон големата викенд акција за чистење на Карпош.

Градоначалникот Стефан Богоев  им се заблагодари за нивниот придонес и ангажман во обидот да се подигне јавната свест, но и да се испрати порака дека секој носи одговорност за здрава и чиста животна средина.

Општина Карпош продолжува со секојдневното и тековно одржување на јавната хигиена, а овие акции ќе бидат пракса и во иднина.

Кон акцијата „Карпош нека дише“ се приклучија: ЈП Паркови и зеленило,  ЈП Комунална хигиена – Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Лајонс Дистрикт 132 Македонија, Е-марк Македонија, Енекод, Центар за социјални иновации БЛИНК 42 – 21, Acibadem Sistina, Лабораторија Аvicena, групата DNK,  Друштво за управување со отпад НУЛА ОТПАД, здружението Екоскоп, Црвен крст – Карпош, Зоолошка градина – Скопје, приватна детска градинка „Колорес“, „Пакомак“, Sunilens, Црвен крст – Карпош, Здружение на граѓани –  АКЦИЈАШИ и ПроКредит банка.