Со доделување на благодарници на менторите, учесниците и организаторите за организација на настанот, денеска заврши Меѓународната детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“.

Во „Кинотека“ во Лептокарија, ликовниот педагог Илија Богоевски, од Детскиот ликовен центар, изрази големо задоволство од изработените ликовни дела, и напомена дека истите се создадени од ликовниот талент на учениците, под менторство на своите учители-ментори. Посебна благодарница му беше доделена на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за организацијата на овој настан, како и на претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски. Помошник раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес, Гордана Стојчевска Зафировска им додели благодарници на менторите, за, како што истакна, нивната улога во создавањето на уметничките дела

-Без „будното око“ на менторите, учениците таленти не ќе можеа да создадат вакви прекрасни дела. Своето искуство и знаење овие ликовни учители им го пренесуваат на младите уметници, со цел тие еден ден да постанат врвни ликовни мајстори, потенцираше Зафировска.

Раководителот на Одделението за култура и спорт, Патрик Поповски, им подели благодарници и на учениците, како најзаслужни чинители во оваа јубилејна, десетта по ред Меѓународна детска ликовна колонија