Дежурните комунални служби кои ги ангажираше Општина Карпош, работат на расчистување на улиците низ кои беше отежнат сообраќајот, поради синоќешните и денските снежни наноси.  Синоќа зимските служби на Општина Карпош фрлаа сол и песок во Горно Нерези и кај комплексот Македонско село, кое се смета за едно од критичните точки во Општината.

Во моментов, специјалните возила расчистуваат неколку улиците низ Општината, но за среќа повисоките температури го олеснуваат чистењето.

Општина Карпош е задоволна од навремената интервенција и професионалниот ангажман на зимските служби и во оваа пригода уште еднаш апелира до карпошани да ги отстранат своите возила од сервисните и станбените улици, за да можат комуналните служби непречено да ја извршуваат својата работа.