Третата вечер од културното лето, карпошани уживаа во звуците на класичната музика. Под мотото „Биди кул, слушај класика“, со своите извонредни изведби пијанистката Теодора Нарашанова, сопранистката Злата Тошевска и Дарко Тодоровски – бас на љубителите на овој жанр музика, им овозможија вистинско летно културно освежување.

Скулпторската изложба на Ведран Бојановски, само ја надополни пријатната летна атмосфера оваа саботна ноќ во ТЦ „Лептокарија“. Присутните граѓани на овој настан, и овој пат имаа можност да ја покажат својата хуманост, донирајќи парични средства на поставените штандови, со кои ќе им се помогне на нашите настрадани сограѓани, од водената стихија која го зафати скопскиот регион.