Претстојниот викенд, 11 – ти и 12 – ти мај, со почеток од 11:00 часот, на спортскиот аеродром Стенковец, воздухопловниот клуб „РЦСК“, кој е основан на територија на Општина Карпош, ќе го организира четвртиот Интернационален собир на моделари и размена на искуства од ревијален вид, со презентација на радио контролирани воздухопловни модели „МАЈФЛАЈ“.

 

            Општина Карпош ги поканува сите заинтересирани граѓани да го посетат овој отворен настан на кој ќе се презентираат достигнувањата на македонските моделари и пилоти, ќе се споделат нивните искуства, но и ќе се разменат нови знаења со моделарите и пилотите од други земји.

 

На овој интернационален собир ќе присуствуваат и ученици од основните училишта на Општина Карпош кои изразија интерес за овој атрактивен спорт и хоби.

Мисијата на моделарството како спорт е да се споделуваат здрави навики и здрав стил на живот преку престој во природно опкружување, со што се зголемува двонасочната комуникација меѓу најмладите и сите учесници.

 

Општина Карпош е еден од покровителите на овој настан, во делот на неговата промоција и споделување на придобивките од истиот.