Утринава учениците и наставниците од ООУ „Лазо Трповски“ заминаа на бесплатен еднодневен пролетен излет во излетничкото место и парк „Сарај“. Им посакавме среќен пат и убав престој на оваа излетничка дестинација.

 Почнувајќи од вчера, во текот на следните денови учениците од сите десет основни училишта од прво до деветто одделение од Општина Карпош, ќе одат на  еднодневни излети на територија на град Скопје. Оваа активност локалната самоуправа ја спроведува со сопствени буџетски средства, како дел од програмскиот проект организирање на превоз за реализација на еднодневни излети во околина на Скопје за учениците од општинските училишта во Општина Карпош за 2023 година.  Оваа иницијатива се реализира во рамки на  Програмата за образование при Општина Карпош  за 2023 година.