Општина Карпош започна со акција за бележење на пешачките премини пред градинките и основните училишта.
Станува збор за тековна акција, која се спроведува со цел хоризонталната сигнализација да биде повидлива за сите учесници во сообраќајот (возилата и пешаците).

Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат сообраќајните правила и знаци, а со посебно внимание да се однесуваат пред воспитно – образовните установи.