Градинките ќе продолжат нормално да функционираат, а децата нема да имаат промена на досегашните воспитувачи и негователи.

Ова, при денешната посета на градинката “Мајски цвет” во Тафталиџе 1, го соопшти градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој оствари  средби со дел од негователките и воспитувачките на кои им истече договорот за работа.

Богоев посочи дека Општината работно ќе ги ангажира негователките од градинките “Мајски цвет”, “Пролет”, “Распеана младост” и “Орце Николов”. Проблемот со административната процедура ќе биде надминат и Општината, заедно со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии веќе работат на изнаоѓање на најсоодветно решение.

Градоначалникот Богоев апелираше до родителите, децата, негователките и директорите да бидат спокојни што се однесува до згрижувањето на децата и нивниот воспитен кадар.