Општина Карпош ќе биде дводневен домаќин на фестивалот Баскерфест – 2016“, кој изобилува со неверојатни баскер точки, вешти жонглери, магионичари, кловнови и акробати.

 Денеска, среда (22.06.2016), пред Скопје Сити Мол и утре, четврток (23.06.2016), во трговскиот центар Лептокарија, атмосферата дополнително  ќе ја „загреат“ светски познатите улични егзибиционисти. Програмата започнува во 19:00 и трае до 22:00 часот.

Љубителите на атракциите, ќе се запознаат со јапонската магија на Перформер Монк, светскиот шампион на 12 метарски моноцикл- Унипро Шоу, бразилскиот мајстор на илузијата- Диого Алварез, атрактивното огнено дуо- Мајсторот и Маргарита и многу други.