Тимот на „НЛБ Тутунска банка“ е победник на Форца Бизнис – баскет турнирот, откако вчера ги совладаа своите ривали, тимот на „Мултимагнат“, во финалето кое се одигра на спортскиот терен во СУГС „Орце Николов”.

Во борба за бронзата, тимот на „ЈСП“ се покажа како поуспешен од својот соперник, екипата на „Систина“, со што успеа да ја освои третата позиција на табелата.

Општина Карпош и спортскиот центар „Форца” обезбедија вредни награди за најдобрите три екипи. За прворангираните следува награден викенд во Грција, за второрангираните – викенд во Боровец, а треторангираната екипа ќе добие едногодишен договор за бесплатно користење на баскет терените во СЦ „Форца”.

Турнирот на кој учествуваа 11 екипи од приватниот и државниот сектор, траеше цела година. Инаку, ова натпреварување има за цел да ја развива кооперативноста и да го подигне спортскиот дух на екипите.