Денеска заврши последната фаза од асфалтирањето  на 400 метарската улица Јуриј Гагарин во населбата Козле. Во текот на наредните денови ќе се уредува и останатиот дел од тротоарите.

Ќе има ново партерно уредување, ново осветлување, шеталиште, рабници и бекатон плочки, со што граѓаните ќе добијат нови паркинг места.Целиот проект чини околу осум милиони денари, средства кои се финансирани од локалната самоуправа.  Изведувач на градежните работи е фирмата „Ескаватори“. Градежните активности продолжуваат понатаму. Денеска започна асфалтирањето на улицата Ташкенска во Тафталиџе 1 во должина од 310 метри, која е во вредност над три милиони денари. Покрај оваа улица, во тек е реконструкција на улиците Хаванска, Нобелова и Петре Пирузе, а ќе се обновуваат и тротоарите, рабниците како и уличното осветлување. За сите проекти, од касата на локалната самоуправа, извоени се 25 милиони денари.