Денеска продолжи новата сезонска градежна активност во Општина Карпош. Во населбата  Криви Дол   се асфалтираа  улиците Скупи 3 а  во должина од 250 метри и Скупи 5 а  во должина од 380 метри. Во оваа пригода градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски најави во скоро време асфалтирање и на околните  улици  Скупи 4 и  4а.

 

–        Ги комплетираме овие улици денеска, додека за преостанатите две улици од ова населено место , се завршува  потребната документација, и веднаш потоа ќе започне и асфалтирање на истите. Освен нов асфалт ,  предвидени се и нови тротоари, рабници како и атмосферска канализација, со што населбата Криви Дол ќе биде заокружена урбана целина, во која на граѓаните ќе им бидат решени сите инфраструктурни проблеми, нагласи првиот човек на Општината Стевчо Јакимовски.

 

Инвестицијата на асфалтираните улици чини околу 2.5 милиони денари, додека преостанатите две улици се очекува до крајот на месец мај да бидат  целосно  асфалтирани со вкупна должина од 650 метри, каде ќе се постави и  нова атмосферска канализација.