Издавачката куќа ,,Арс Ламина” додели по 100 книги за десетте основни училишта во Општина Карпош. Во рамки на кампањата ,,Читањето е супермоќ”, која е поддржана и од Филозовскиот факултет во Скопје како и здружението за дислексија ,,Ајнштајн”, денеска, во просториите на ООУ ,,Лазо Трповски”, се одржа презентација која има за цел да се збогати библиотечниот фонд во училиштата и да се поттикнат читачките навики кај децата. Општина Карпош го ужива овој благодет, кој пред се е од огромно значење за развојот во образованието на децата, а мисијата на кампањата е преку понуда на атрактивни изданија да предизвика и одржи интерес за читање кај учениците. Издавачката куќа ,,Арс Ламина” со години е сериозна поддршка на наставно образовниот процес со понуда на изданија, што се користат во и надвор од наставната програма.

                        На денешната презентација присуствуваа директорките на училиштата, библиотекарите како и дел од наставниот кадар од сите основни училишта на територија на Општина Карпош.