Општина Карпош на сите граѓани и институции што работат на територија на Карпош им посакува весели новогодишни и божиќни празници. Воедно Општина Карпош апелира до сите угостителски објекти и фирми во овие празнични денови во интерес на граѓаните на Карпош

максимално да ги почитуваат законските прописи и ограничувања кои се однесуваат на бучавата и загадувањето. Нашите инспекциски служби ќе бидат постојано во конттрола и се надеваме дека во разбирање, соработка и заемно  задоволство ќе ги минеме престојните празници.