Апелираме до нашите сограѓани, да ги пренасочат олуците од своите куќи во атмосферската канализација, со цел, поголемата количина надојдена вода да се слива во поширокиот одвод. Во моментов, олуците на некои станбени објекти се насочени во фекалната канализација, со што при поголеми дождови се јавува проблем со излевање на фекалната вода. 

 
Од таа причина, ги известуваме жителите на Карпош кои нема да ги пренасочат своите олуци кои се приклучени на фекалната, наместо на атмосферската канализација, дека ќе се соочат со парични казни согласно важечките законски прописи.