Како што најавивме зимската служба ангажирана од локланата самоуправа, со почеток на снежните врнежи почна со расчистување на станбените и сервисните улици низ Општината.

Од утрово веќе се фрлени повеќе од 30 тони сол и песок и тоа на критичните делници: патот кон манастирот Пантелејмон, улиците Ловќенска 4 и 9, Жданец како и кај надвозникот во Бардовци.

Општина Карпош апелира до сите граѓани кои имаат паркирано возила на коловозите, доколку сакаат да им биде исчистен снегот од улицата, времено да ги тргнат возилата (во гаражи или на паркинзи), бидејќи возилото кое истура сол е габаритно и му треба поширок слободен простор за движење. Се молат граѓаните во овој период да соработуваат со службите на Општина Карпош.