Оваа вечер, малото плоштатче во Т.Ц  „ Лептокарија“, беше претесно да ги собере сите љубители на  етноинструменталната изведба на песни на Андријана Јаневска и „ Митан Проект“. Во пријатна и релаксирана атмосфера, нашата музичка ѕвезда, феноменално ги испеа најубавите народни македонски песни. 

Поткрепена од извонредните инструменталисти од „Митан Проект“,  Јаневска со одлична интерпретација ги отпеа „ Македонско девојче“,  ,, Елено ќерко“, „ Битола мој роден крај“ , „  Со маки сум се родила“ и многу други наши  фолклорно – изворни песни . Карпошани  и оваа ноќ од културното лето во својата Општина,  уживаа во уште една манифестација,  со која „ Карпошовото културно лето“ , покажа со право, зошто го носи епитетот на најголем  културен бренд  во Општина Карпош.