Ве известуваме дека во текот на утрешниот ден (01.03.2019 година), Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ќе има акција за сечење на две болни брези на бул. „Илинден“, во близина на ПроКредит банка, на делница 33 од изградбата на гасоводот.

Исто така, ЈП Паркови и зеленило ќе отстрани едно дрво – платан, во дворот на градинката „Мајски цвет“, во урбаната заедница Владо Тасевски (на улица „Римска“ 2б), со цел да се зголеми безбедноста на децата и родителите при пристап кон градинката.

Сечата на ова дрво е по барање на управата на градинката „Мајски цвет“.