Ве известуваме дека на 22.08.2018 година (среда), од 08:00 до 12:00 часот, ЈП Комунална хигиена – Скопје ќе спроведе акција за темелно чистење – миење на повеќе улици во Општина Карпош:

 

ул. „Прашка”,

ул. „Варшавска”,

ул. „Букурешка”,

ул. „Дрезденска”,

ул. „Љубљанска” и

ул. „Манапо“.

 

Со цел акцијата да може непречено  да се спроведе, ги повикуваме сопствениците на возилата да ги отстранат своите паркирани автомобили од овие улици дента кога ќе се спроведува акцијата.