По повод денешната изјава на СДСМ и некритичките и злонамерни обвинувања за евентуалните виновници за аерозагадувањето во Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски ја даде следната изјава:

 

–                    СДСМ има најмалку право да зборува за загаденоста, за урбани мафии или било какви мафии, затоа што тие се творци на мафијата овде во градот Скопје. Татко на мафијата е токму Мирослав Грчев со градбите во Буњаковец, со Дебар  Маало, со Универзална сала, а може да се види како денес тие изгледаат, а згора и градоначалникот од СДСМ кој беше на чело на општина Кисела Вода во периодот 2002-2006 година, чиј продукт е Стара рампа, во Кисела Вода.

Уште помалку има право да зборува Душко Весовски кој е претседател на Општинската организација на СДСМ во Карпош, кој спротивно на мојата волја 2012 година, со помош на советниците од СДСМ и претседателот на советот на Општина Карпош Трифун Трифуновски, си вцрта маркица со која тој и неговото семејство „дебело“ профитираа. Оттаму, ако сега зборуваат дека градежништвото ја загадува околината во Општина Карпош, тој има најголем придонес дадено во загадувањето на Општината.

Напротив, рече Јакимовски, Општина Карпош и раководството на локалната власт се одговорни луѓе. – Ние сме тие кои го одржуваат зеленилото, ние сме тие кои што ја одржуваме хигиената. Јавно ги прашувам граѓаните на Карпош, кога последен пат виделе работник од Комунална хигиена да ги чисти улиците во Општина Карпош? Ние сме тие кои садиме цвеќиња по булеварите, ние сме тие кои градиме паркови. Само минатата година имаме посадено повеќе од 3.500 дрвја. За разлика од нас, СДСМ само критикува и не прави ништо повеќе.

Инаку, само како информација, градоначалникот на Карпош посочи дека денеска, општина Карпош е најмалку загадена општина од било која друга во градот Скопје, што значи дека и загадувањето зависи од „ружата на ветрови“ која се движи на нашата територија. Но, истовремено, како потенцијален загадувач се јавува и Цементарницата од Косово, која ги носи тие честички кои ја загадуваат не само Општина Карпош, туку и Ѓорче Петров и целиот град, истакна градоначалникот на Карпош.

     Погледнете ја изјавата на следниов клик!