Во пресрет на јубијелната  40- та годишнина од основањето на Општина Карпош, локалната самоуправа   организира  административни спортски игри. Во рамките на оваа спортска манифестација учествуваат административци- претставници од Општините Кисела Вода,  Аеродром, Градот Скопје, како и  од домаќинот Општина Карпош.

  Почнувајќи од 18. Октомври, административците три дена ќе се натпреваруваат во фудбал и кошарка, по кои ќе се знаат победниците во овие категории. Во дисциплината пикадо (жени), победнички се административките од Општина Кисела Вода. Градот Скопје ги даде победничките во пинг понг натпреварот, додека во истата оваа спортска дисциплина, во категоријата мажи претставниците од Општина Аеродром го освоија првото место.  Вчера, „кошаркарите“ од Градот Скопје ги победија „кошаркарите“ од Аеродром со резултат  2:0 во сетови,  додека во вториот фудбалски дуел, административците од Карпош, со идентичен резултат 2:0  ги  совладаа своите ривали од Кисела Вода. Оваа спортска манифестација во организација на Општина Карпош, има за цел да го поттикне дружењето помеѓу административците од скопските општини, како и од Градот Скопје, преку спортски игри, јакнејќи го натпреварувачкиот дух.