Во рамките на Деновите на Општина Карпош, во пресрет на јубилејниот 40-ти роденден на Општината, административните игри ќе започнат утре, вторник (18.10.2016 година), и ќе траат во наредните два дена. Административците од Општините, Карпош, Кисела Вода, Аеродром и Град Скопје, ќе се натпреваруваат во седум категории и тоа: мал фудбал, кошарка, пинг понг, пикадо, шах и тенис.

 

Натпреварите ќе се играат по следниот редослед:

 

18.10.2016 година

Мал фудбал – СЦ „Форца“ во 13.00 часот,

Кошарка – ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во 15.00  часот,

Пинг Понг – ООУ „Владо Тасевски“ во 14.00 часот,

Пикадо – ООУ „Владо Тасевски“ во 14.00 часот. 

 

19.10.2016 година

Мал фудбал – СЦ „Форца“ во 13.00 часот,

Кошарка – ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во 15.00  часот,

 Шах – ООУ „Јан Амос Коменски“ во 14.00 часот.

 

20.10.2016 година

Мал фудбал – СЦ „Форца“ во 13.00 часот,

Тенис – (дополнителна информација).