ЗАПОЧНУВА ЗАМЕНАТА НА СТАРИ ВОДОМЕРИ

 

Од оваа сабота, на дел од територијата на Општина Карпош, во Жданец и Трнодол, започнува замената на куќните водомери. Старите водомери ќе се заменат со нови, вертикални и повеќемлазни, со радио модул, а ќе се заменат и старите, хоризонтални водомери со нови, хоризонтални, ултразвучни водомери и нивна интеграција во системот за далечинско отчитување на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

 

Со новите водомери, податоците ќе се читаат автоматски, без обврска инкасаторите да влегуваат во домаќинствата на граѓаните. Исто така, водомерите се многу попрецизни од досегашните, кои се застарени и не толку прецизно го читаат протокот на вода.

На овој начин, ќе се овозможат поточни сметки за потрошувачката на вода и граѓаните ќе добиваат поквалитетна услуга.

 

Со овој проект се опфаќаат околу 500 домаќинства, а за истиот, преку Министерството за транспорт и врски, е добиен грант од Европска инвестициона банка(ЕИБ).

 

Замената на стари со нови водомери, во Општина Карпош започнува од 09.11.2019 година (сабота), а ја спроведува „Техноскоп“ ДООЕЛ Скопје во соработка со ЈП „Водовод и канализација“.