Основците од ООУ „Аврам Писевски“ се победници и на  овогодинешниот фудбалски турнир на песок. На  игралиштето на Кејот на реката Вардар, учениците од ова училиште ги победија своите врсници од ООУ „Јан Амос Коменски“ со  резултат 3:1. 

За третото место се натпреваруваа младите фудбалери од ООУ „Лазо Трповски“, кои преку изведување  на пенали, ги  победија учениците од  училиштето ООУ „Братсво“ со 3:1. Во регуларниот дел од натпреварот, резултатот беше изедначен 0:0. Раководителот на Одделението за култура и спорт при Општина Карпош, Патрик Поповски,  свечено ги додели пехарите на победничките три екипи во овој турнир, на кој учествуваа ученици од сите десет основни училишта на територијата на локалната самоуправа .