ЧЕСТИТ 8 МАРТ
- март 8, 2022
- 0
Велат дека Денот на жената, не треба да се празнува само еднаш во годината. Тоа треба да го правиме секојдневно, преку упатување на пофални зборови и признанија за нејзините успеси. Патем, жените биле достојни за почит, уште пред периодот на борбата за право на глас. Овој 8 Mарт го посветуваме на жените, кои ја афирмираат родовата рамноправност на нашите простори.
Светот ги има Амелија Ерхарт (првата жена пилот), Карен Харисон (првата жена машиновозач) и Мишел Мутон (жена рели возач). Ние пак, ги имаме нашите три хероини. За да ги поттикнеме храброста и желбата за рушење на стереотипи во однос на родовата професија, поразговаравме со Стефанија Димеска (спортски пилот), Зорица Божиновска (машиновозач) и Маја Милошевска (рели возач). Во наредните три дена, ќе имате можност да ги прочитате нивните кратки стории во кои говорат за личните искуства, патот до нивниот успех и охрабрувачките пораки, кои ги упатуваат до јавноста.
Честит 8 Mарт!