ФОЛКЛОРНА ЧЕСТИТКА ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- ноември 3, 2016
- 0
По бројните спортски, еколошки, хуманитарни и друг вид на активности кои локалната самоуправа ги организираше по повод јубилејниот 40 ти роденден на Општина Карпош вчеравечер роденденските настани се заокружија со културно- уметничка манифестација.
Токму како што доликува на Општина која може да се истакне со својот културен бренд „Карпошовото културно лето“, вчеравечер со почеток од 18.30 часот во „Драмскиот театар“, културно- уметнички друштва и фолклорни ансамбли им приредија вистинско културно доживување и уживање на присутните гости. Многубројните карпошани кои до последно ја исполнија салата, уживаа во настапот на Фолклорната школа на Општина Карпош кои се претставија со народни игри. МКУД „Цветан Димов’’ и АКУД „Мирче Ацев’’, како реномирани културно- уметнички друштва, и овој пат беа на своето високо професионално препознатливо ниво со својата изведба. Вокалната изведба на членовите на фолклорното друштво „Етнос“, беше „круна“ на вечерашното културно доживување во кое уживаше и градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, со преставници на збратимените општини од соседните балкански земји.