УЛИЦАТА „ЕЗЕРЦИ“ ВО ВЛАЕ 1 ЦЕЛСОНО РЕКОНСТУРИРАНА
- април 5, 2017
- 0
По целосната реконструкција на улиците во урбаната заедница „Владо Тасевски“, градежната механизација се пресели во урбаната заедница „Влае 1“. Денеска, улицата „Езерци“ доби нов асфалт во должина од 180 метри, а во вредност од околу еден милион денари. Фирмата-изведувач е „Ескаватори МК“ Скопје.
Првиот човек на локалната самоуправа, Стевчо Јакимовски во изјавата за медиумите презентираше детални информации за градежните работи во овој дел од наслебата Влае.
-Во моментов се наоѓаме во урбаната заедница „Влае 1“, кадешто на целиот овој кварт вршиме реконструкција на улиците и тоа пет улици со вкупна вредност од околу пет милиони денари. Во изминатиот период беа реконструирани улиците „Гари“, „Блаже Биринчето “ и „Франц Месеснел“, а подготвителни работи се вршат на улиците „Ринхини“ и „Франц Розман“ кои во скоро време ќе бидат асфалтирани. Во моментов се реконструира улицата „Езерци“. Ако се има во предив дека е направен крак од улицата „Петар Чаулев“, тоа значи дека за околу 170 семејства кои што живеат во овој дел од урбаната заедница „Влае 1“, имаат комплетно нови улици и се реконструираат за прв пат после 1964 година. Извршена е подземна реконстукција на инсталации, поставени се нови канделабри и со тоа овој дел од населбата Влае 1 ја подготвивме за наредните 30 години – рече Јакимовски.
Во наредниот период градежните работи продолжуваат со полна пареа. Од овој дел на урбаната заедница „Влае 1“ остануваат уште две улици, а должината на коловозите досега се 900 метри. Во рок од десетина дена се очекува завршување на реконструкција на улиците во урбаната заедница „Влае 1“.