ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
- октомври 22, 2019
- 0
По повод претстојниот роденден на Општина Карпош ( 3.ноември) , традиционално во „ Кинотека на Северна Македонија“ се спроведе крводарителска акција. Акцијата ќе трае само еден ден од 09:00 до 17:00 часот. До 14:00 часот, одзивот е голем, односно преку 90 крводарители даруваа крв, и учествуваа во оваа благородна акција.
Локалната самоуправа, традиционално одржува крводарителски акции, еднаш на пролет, и еднаш на есен, поттикувајќи ги на тој начин и вработените во Општината, како и граѓаните на Општина Карпош да даруваат крв, и да бидат хумани.