СЕ ЧИСТАТ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ И ТРОТОАРИ
- јануари 24, 2017
- 0
Општина Карпош заедно со Градот Скопје денеска работат на расчистување на велосипедската и пешачката патека долж булеварот Партизански одреди на потегот од Порта Влае до улицата Рузвелтова.
Инаку машините за расчистување на снегот и мразот од патеките во Карпош ќе работат во две смени, а веднаш по расчистувањето на Партизанска ќе се префрлат во Козле на главната сообраќајница.