СЕЧА НА ДВЕ ДРВЈА ВО КАРПОШ ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ
- мај 21, 2018
- 0
По барање на граѓаните од улицата „Гиго Михајловски” број 10 и улицата „Руѓер Бошковиќ” број 8, утре, 22.05.2018 година, Град Скопје преку ЈП „Паркови и зеленило“ ќе изврши сеча на две дрвја на посочените локации.
Станува збор за целосно суви дрвја кои претставуваат опасност по сигурноста и безбедноста на граѓаните и околината.
Ви благодариме на разбирањето.