„РУМ ДУМ ДУМ“ НА „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ПОБЕДНИК НА ХОРИСТИТЕ ВО КАРПОШ
- мај 16, 2018
- 0
Хористите од ООУ „Владо Тасевски“, се победници на годинешниот хорски музички натпревар меѓу училиштата, кој се одржа во холот на ОУ „ Димо Хаџи Димов “. Под менсторство на Елизабета Станоевска, со изведба на композицијата „ Рум дум дум“, во обработка на Драган Шуплевски, овие музички таленти од училиштето „Владо Тасевски“ заслужено ги освоија симпатиите на жирито.
Второто место го делат училиштата „ Петар Поп Арсов“ под менсторство на Дејан Миленковски и „ Димо Хаџи Димов“ под менторство на Невена Марковска. Третото место го поделија хористите на три училишта и тоа: „ Јан Амос Коменски“ менторирани од Марија Златановска, „ Вера Циривири Трена“, менторирани од Александар Панајотовски , како и „ Лазо Трповски“ менторирани од Мира Костовска.
На музичката манифестација во организација на Општина Карпош, присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Андреј Манолев, советници од Советот на Општина Карпош, родетели, и други присутни гости. Жирито кое го оценуваше настапот на хористите од десетте основни училишта на територијата на Општина Карпош, се состоеше од м-р Злата Тошевска, од Македонска опера и балет, м-р Дејан Стоев, исто така од Македонска опера и балет, како и професорот Ле Фи Фи, од средното музичко училиште „ Илија Николовски- Луј“.